Дома Фудбал Хари Кејн игра во страшна форма – има неверојатни бројки!

Хари Кејн игра во страшна форма – има неверојатни бројки!

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, продолжува со својата голгетерска форма оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англичанецот постигна два гола во триумфот на Баерн Минхен со резултат 3-1, со што го зголеми својот вкупен број на десет гола од почетокот на сезоната. Ако го додадеме и неговиот гол за репрезентацијата на Англија против Србија во Белград, тоа значи дека има вкупно 11 голови.

Кејн, во дресот на Баерн, одигра само шест натпревари, со нешто повеќе од 500 минути на теренот, но тоа му беше доволно да постигне 10 голови и да забележи три асистенции.

Да потсетиме, Кејн следното лето влегува во последната година од договорот, кога ќе наполни 33 години. Останува да видиме дали Баерн ќе му понуди продолжување на договорот или ќе одлучи да го продаде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Холандија во регуларно време на Мундијал последен пат загубила пред 20 години!

Фудбалската репрезентација на Холандија е елиминирана од Светското првенство во фудбал кое…