Дома Фудбал Шок за Реал Мадрид: Познато колку време Арнолд ќе биде надвор од терените!

Шок за Реал Мадрид: Познато колку време Арнолд ќе биде надвор од терените!

Еден од најдобрите десни бекови во светот, Трент Александер-Арнолд, вчера се повреди на почетокот од натпреварот меѓу Реал Мадрид и Марсеј, а денеска медицинскиот тим на Кралевите му соопшти на тренерот Чаби Алонсо непријатни вести.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Веќе во петтата минута од дуелот во Лигата на шампионите, принуден беше да го напушти теренот, држејќи се за левата нога. Наместо него, Алонсо го повика Дани Карвахал.

Иако Реал ја обезбеди победата со 2:1, клубот остана без неговото ново засилување од Ливерпул барем шест недели.

Повредата на задната мускула, значи дека Александер-Арнолд ќе паузира минимум месец и половина.

Реал нема да може да смета на Англичанецот во наредните натпревари против Еспањол, Леванте, Атлетико Мадрид, Кајрат, Виљареал, Хетафе и Јувентус, а нема да биде достапен и за Ел Класико против Барселона на 26 октомври.

Неговото враќање на терените се очекува најрано на 2 ноември, кога во Ла Лига Реал го пречекува Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на една ера: Ван Дајк си заминува, кажа „да“ на друг гигант!

Вирџил Ван Дајк по осум години најверојатно ќе го напушти Ливерпул. Холандскиот стопер веќ…