Дома Фудбал Доколку не издржи Аморим: Јунајтед подготви сензација и тоа од клупата на ривалот?!

Доколку не издржи Аморим: Јунајтед подготви сензација и тоа од клупата на ривалот?!

Рубен Амoрим сè уште ја има довербата од управата на Манчестер Јунајтед, но далеку е тоа од загарантирано останување на клупата ако продолжи со лошите резултати.

Според последните информации, повторно во игра е – Унај Емери.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако Шпанецот бележи лоши резултати на почетокот на новата сезона, бидејќи Астон Вила не постигна ниту еден гол, не е заборавено каков успех постигна на “Вила Парк” со два последователни пласмана во Европа.

Емери има извонреден углед на Островот, а не е првпат поврзан и со Јунајтед, па доколку дојде до разделба со Амoрум, ќе биде сериозна мета.

Секако, не треба да се заборави дека клупата на Јунајтед е “омилена тема” во англиските медиуми и дека секојдневно се појавуваат нови имиња, така што притисокот врз Амoрум ќе биде уште поголем во наредните денови пред дербито со Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Саудијците повторно за Винисиус: Неговиот трансфер е можен!

Поранешниот шеф на Барселона, Рамон Планес, сега спортски директор во Ал-Итихад, јавно збо…