Дома Останати Кошарка Не издржа селекторот на Турција се расплака по враќањето од Европското првенство (Видео)

Не издржа селекторот на Турција се расплака по враќањето од Европското првенство (Видео)

Кошаркарската репрезентација на Турција се врати во Истанбул по финалниот натпревар во Рига, каде што освоија сребрен медал на Европското првенство.

И покрај поразот од Германија во финалето, репрезентативците беа дочекани како херои и атмосферата на аеродромот во Истанбул беше крајно возбудлива.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


“Сребрениот медал е голем успех и турскиот народ е горд на овие момци. Сепак, јас сум многу разочаран. Историјата памети само победниците, а ние го пропуштивме тоа за малку. Им се извинувам на нашите граѓани кои веруваа во нас и нетрпеливо го очекуваа тој пехар пред екраните. Цврсто верувам дека овие момци, кои ја вратија турската кошарка на врвот на Европа, наскоро ќе го донесат овој пехар во нашата земја,” изјави емотивниот селектор Ергин Атаман и додаде:

“Се заблагодаруваме на турскиот народ кој не прегрна и чија што поддршка секојдневно растеше за време на првенството. Овие момци ја претставуваа турската звезда со огромна страст пред целиот свет, до последната секунда. Горди сме, но јас лично сум многу разочаран. Сонував да го донесам првенството на турскиот народ. Го изгубивме првенството со последниот шут, но повторно успеавме турскиот народ да ја засака кошарката. Затоа уште еднаш им се заблагодарувам на овие момци.”

Капитенот на тимот Чеди Осман исто така се обрати на присутните.

“Во текот на овие 21 ден секогаш ја чувствувавме вашата поддршка. Посакувавме да се вратиме со пехар, но за жал не успеавме. Но верувајте, дадовме сè од себе. Се надевам дека барем малку ве направивме горди. Без вашата поддршка ќе беше многу тешко да стигнеме до тука. Ви благодариме што постоите,” порача Осман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Словенецот има нов дом: Дончиќ ја купи куќата во која живееше Шарапова

Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ, сега веќе може да размислува за новата сезона во НБА л…