Дома Македонски спорт Алиоски мајсторски проигра, Пандев рутински погоди, Маркоски стави точка – Норвешка совладана! (Видео)

Алиоски мајсторски проигра, Пандев рутински погоди, Маркоски стави точка – Норвешка совладана! (Видео)

Репрезентацијата на Македонија денес со почеток во 18:30 го одигра пријателскиот натпревар против Норвешка.

Македонската репрезентација во овој натпревар успеа да запише минимална победа од 2:0, а стрелци на погодоците беа Пандев и Maркоски во финишот од натпреварот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Одлучувачкиот момент се случи во 43 минута од средбата кога Пандев успеа да го искористи одличното додавање од Алиоски и на мајсторски начин ја спроведе топката во голот на Грајтебуст. За во судиското продолжение Маркоски да стави точка на добриот настап на македонската репрезентација.

Иначе за нашата репрезентација ова беше прва победа во четвртиот натпревар против селекцијата на Норвешка. На претходните три средби Норвешка запиша две победи, додека една средба заврши без погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Одлични вести за навивачите на Арсенал пристигнуваат од Емирејтс: Клубот сака да го продолжи договорот со главната ѕвезда

Најистакнатиот фудбалер на Арсенал би требало и во идните години да остане на Емирејтс. От…