Дома Фудбал Жестока реакција на Осогово: Судијата Салихи е срам и брука за ФФМ!

Жестока реакција на Осогово: Судијата Салихи е срам и брука за ФФМ!

Осогово претрпе пораз од 2-3 против Скопје во четвртото коло од Втората лига, но мечот во Кочани го одбележаа бурни реакции поради судиските одлуки.

Кочанчани тврдат дека биле оштетени со досудениот пенал во корист на гостите и како доказ објавија видео од спорната ситуација.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„ГФК Осогово на вчерашниот првенствен меч со ФК Скопје не беше оштетено туку силувано од главниот судија Пларент Салихи и неговите помошници Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓески заедно со четвртиот судија Бардиљ Ибраими. Непостоечкиот пенал е врвот на бесрамното, непрофесионално и нечовечко однесување на судијата Салихи. Тој е срам за судиската организација и брука за ФФМ.

Вчера сите ние бевме жртви на воено злосторство, на геноцид и тоа во мирнодопски услови.

ГФК Осогово во континуитет во повеќе наврати бил мета на судиите. Досега тие ниски удари ги примавме достојно и човечки, како спортисти. Обидувајќи се од секоја ситуација да извлечеме поуки и да научиме од грешките. Да им простиме на тие што грешат на наша штета.

Салихи заедно со Јовчевски и Ѓорѓески, секако и Ибраими го погазија човечкото достоинство кај секого од нас, а бевме повеќе од 300 луѓе кои дојдоа да го бодрат ГФК Осогово до нова победа. Никогаш не се случило на оградата на нашата западна трибина да стои и бурно реагира повеќе од половина од целата публика.

На потег е контролорот Сашо Иванов! Да ја видиме неговата оцена за силувачите на ГФК Осогово.

Јавно кажуваме дека веруваме дека претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ ќе се заинтересира да ја види снимката од мечот, да се увери сам во „делата“ на судиите. Истото да го направи и Јосип Бартон, да види како делат неправда неговите сограѓани (сите 4 судии се од Тетово).

Вчера беше одвратно да се биде на градскиот стадион „Никола Мантов“ да се гледа понижувањето што ни го приредија „режисерот“ Салихи и неговите помошници заедно со четвртиот судија.

Победата на ГФК Осогово требаше да ја посветиме на нашите ангели, на денот на шестмесечниот помен за вечна памет на нивните души. А меѓу нив и нашите верни навивачи Томас Златков ( кој вчера ќе прославеше 22 роденден) и Аце Стојанов.

Јавно кажуваме и дека Салихи, Јовчевски, Ѓорѓески и Ибраими не се пожелни веќе во Кочани ниту на стадионот „Никола Мантов“, велат од екипата.

Со ова, клубот испрати жестока порака до ФФМ и судиската организација, барајќи санкции и јасна реакција за она што го сметаат за скандалозна арбитража.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма во Србија: „Делии“ во жестока акција, а полицијата мирно стои и сè гледа! (Видео)

Партизан во недела, во склоп на 7. коло во Суботица, славеше против Спартак со 5:2, што е …