Дома Фудбал Струга гази сè пред себе – падна и Тиквеш за „пет од пет“ (Видео)

Струга гази сè пред себе – падна и Тиквеш за „пет од пет“ (Видео)

Струга Трим Лум ја продолжи победничката серија во Првата македонска фудбалска лига и во рамките на петтото коло на домашен терен го совлада Тиквеш со убедливи 3:0.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Првиот дел донесе теренска иницијатива на домаќините, кои упорно притискаа кон голот на кавадарчани. Наградата стигна во 40. минута, кога најдобриот стрелец на лигата, Басиру Компаоре, беше прецизен од белата точка и ја донесе Струга во водство. Веднаш потоа Шабани имаше одлична можност да го зголеми резултатот, но на одмор се замина со минимални 1:0.

Второто полувреме започна во ист стил – со доминација на „црвено-белите“. Компаоре повторно се најде во вистинскиот момент, овојпат со удар со глава во 58. минута, постигнувајќи го својот седми гол сезонава и носејќи му двојна предност на својот тим.

Тиквеш немаше сили да се врати во игра, а конечните 3:0 ги постави Марјан Радески во 79. минута, потврдувајќи ја убедливата победа на домаќините.

По пет кола, Струга Трим Лум останува во чекор со Силекс на врвот на табелата, со максимални 15 освоени бодови.

Фото: Facebook/F.C. Struga

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сериозни избори по 17 години: Перез доби голем конкурент за претседателската позиција

Во Реал Мадрид за прв пат по 2009 година ќе се одржат избори за претседател на кои Флорент…