Дома Фудбал Судиската комисија ја призна грешката: Реал бил оштетен, Хујсен не заслужил црвен картон!

Судиската комисија ја призна грешката: Реал бил оштетен, Хујсен не заслужил црвен картон!

Комисијата за судии во Шпанија ја разгледа средбата меѓу Сосиедад и Реал Мадрид и призна грешка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дин Хујсен доби директен црвен картон што предизвика тешкотии за Реал до крајот на натпреварот. И покрај тоа, мадридскиот клуб сепак успеа да триумфира, а од шпанската судиска организација пристигна и извинување.

Главното шпанско судиско тело го оцени црвениот картон на стоперот на Реал Мадрид како претеран.

Одлучено е дека главниот виновник е првиот ВАР судија на таа средба. Фигероа Васкез ќе биде суспендиран и нема да биде дел од судиските делегации во следните средби.

Жалбата на Реал беше успешна, а се очекува Хујсен да биде вклучен во составот за следното коло.

Реал е единствениот тим кој засега не изгуби ниеден бод. На четири натпревари има истиот број победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ќе го доведе Кансело за неколку дена

Португалскиот десен бек Жоао Кансело е сè поблиску до комплетирање на преминувањето во Бар…