Дома Фудбал Џексон за преселбата во Баерн: Беа тешки денови, сакав само тука!

Џексон за преселбата во Баерн: Беа тешки денови, сакав само тука!

Фудбалерот од Сенегал, Николас Џексон, денес изјави дека последните денови од трансфер периодот му биле исклучително тешки пред пристигнувањето во Баерн од Челси на позајмица, но нагласи дека е горд што ја носи дресот на минхенскиот клуб.

Трансферот беше завршен во последните часови од преодниот рок. Баерн и Челси го постигнаа договорот 72 часа пред крајот на рокот, но Челси ја повлече согласноста поради повредата на Лијам Делап. Џексон и неговиот тим веќе беа во Минхен кога стигна оваа одлука од лондонскиот клуб, но одлучија да останат во Баварија и да го почекаат развојот на настаните.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На крајот, само три часа пред затворање на трансфер периодот, договорот сепак беше постигнат. Баерн плати 16,5 милиони евра за едногодишна позајмица со обврска за откуп на договорот вреден 65 милиони евра, ако Џексон одигра одреден број на натпревари (40, според зборовите на почесниот претседател на Бајерн, Ули Хенес).

“Тие беа тешки моменти, комплициран период. Сепак, бев прилично сигурен во одлуката, останав тука затоа што сакав да играм за Бајерн. Многу сум горд”, изјави Џексон на промоцијата во Минхен.

Спортскиот директор на Бајерн, Макс Еберл, истакна дека клучот бил во тоа што играчот самиот го посакувал трансферот.

“Сакавме фудбалер кој апсолутно сака да дојде кај нас. “Џеко” (Џексон) ни кажа јасно дека сака да остане овде и пресреќни сме што на крајот сè успеа.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Распад-систем на Јунајтед на гости кај Сити (Видео)

Манчестер Сити извојува убедлив триумф во големото градско дерби, совладувајќи го Манчесте…