Дома Фудбал Престон Лајонс ќе игра со Вардар и Пелистер на турнеја во Македонија

Престон Лајонс ќе игра со Вардар и Пелистер на турнеја во Македонија

Престон Лајонс и официјално ја потврди својата европска турнеја, која ќе започне во понеделник.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тимот на 15 септември ќе замине од Мелбурн кон Македонија, каде што ќе одржи подготовки за новата натпреварувачка сезона во австралиското првенство. Покрај спортските активности, клубот најави дека играчите ќе бидат дел и од повеќе хуманитарни иницијативи, меѓу кои распределба на помош во Кочани и вклучување во акции за поддршка на локалните заедници.

Од Престон Лајонс изразија благодарност до министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, кои, како што нагласија, одиграле клучна улога во реализацијата на оваа турнеја.

Во спортскиот дел, македонската публика ќе има можност да ги види Престон Лајонс во пријателски натпревари во Охрид, Битола и Скопје. Веќе се потврдени дуелите со двата најпознати домашни клуба – Вардар и Пелистер, што ќе биде вистинска атракција за љубителите на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

До вчера сите го гледаа во Барселона, а потоа пристигна повик – од Жозе Мурињо!

Бернардо Силва e „златната кокошка“ на летото 2026 година, бидејќи стана слободен играч и …