Дома Фудбал Даниел Аврамовски ќе игра за еден од најпознатите клубови во Турција!

Даниел Аврамовски ќе игра за еден од најпознатите клубови во Турција!

Македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски ќе продолжи со кариерата во Турција, откако денеска беше официјализирано неговото пристигнување во редовите на Сиваспор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аврамовски минатата сезона настапуваше за Болуспор, а потоа ја облече и опремата на Игдир, додека претходно во 2021 година беше дел од Кајсериспор.

Во својата кариера офанзивниот играч остави трага и во Вардар, Олимпија Љубљана, Војводина, Црвена звезда, ОФК Белград, Македонија ЃП и Работнички – клубот во кој ги направи првите чекори.

За репрезентацијата на Македонија Аврамовски има осум настапи, а последниот беше во 2021 година против Исланд, во квалификациите за Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо конечно ја отвори душата и проговори за тешкиот период во Реал: Добив лузна, но…

Чаби Алонсо денес е фокусиран на новиот предизвик во улога на тренер на Челси, но споменит…