
Само со 18 години, Ламин Јамал успева да ги поместува границите на сите полиња. Додека ги руши рекордите и добива признанија од легендите, од соиграчите и од противниците, младиот напаѓач на Барселона станува и маркетинг сензација.
Неговата популарност толку брзо расте што Adidas, спортскиот гигант кој го спонзорира, му создаде сопствено лого со првите персонализирани копачки, слично како за Лео Меси и Дејвид Бекам.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Новите копачки се нарекуваат “F50 LAMINE YAMAL” и го претставуваат неговиот втор ексклузивен сет, но прв со персонализирано лого. Дизајнирани се во впечатливи нијанси на виолетова и розова, со детали во светло розова, лила и лимон нијанси. „Адидас“ ги опишува како спој на традиција и модерна храброст, точно како што изгледа и стилот на игра на Јамал.
Неговото лого, првично во овој формат, ги комбинира иницијалите, бројот 304 (позивниот број на неговиот роден град), мотивот на левата нога на топката и симболите на Барселона, кои ја претставуваат неговата врзаност со корените и визијата за иднината.
Јамал ќе ги носи своите “F50 LAMINE YAMAL” за првпат во недела, на 14 септември, во натпревар против Валенсија.
Копачките веќе се достапни за продажба во три ценовни ранга: од 50 евра за основниот модел до 270 евра за елитното издание.
Инаку, младиот офанзивец ја започна сезоната одлично. Постигна два гола и оствари три асистенции во првите три кола од Ла Лига.