Дома Фудбал Донарума: Секогаш сакав да играм во Премиер лигата

Донарума: Секогаш сакав да играм во Премиер лигата

Новиот голман на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, изјави дека е горд што дошол во еден од најголемите светски клубови.

„Многу сум возбуден и горд што стигнав овде, Манчестер Сити е еден од најголемите светски клубови. Отсекогаш сакав да играм во Премиер лигата, која според мене е најдобрата во светот. Едвај чекам да ја започнам оваа нова авантура со клубот кој има желба да ги освои сите можни трофеи. Свесен сум за одговорноста, но сакам да помогнам на клубот да ги оствари своите цели”, рече Италијанецот за клупскиот сајт.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Донарума (26) пристигна во Манчестер Сити како замена за Едерсон кој, по долги години, го напушти клубот и премина во Фенербахче.

Голманот на италијанската репрезентација пристигна во Манчестер Сити од Пари Сен Жермен со кого во мај ја освои Лигата на шампионите. Со Италија го освои Европското првенство кое се одржа во 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус плаќа 41 милион евра на тројца тренери

Колку е далеку Јувентус од некогашниот сјај, најдобро покажуваат деловните потези при селе…