Дома Фудбал Интер веќе си направи план за млад дефанзивец за следното лето

Интер веќе си направи план за млад дефанзивец за следното лето

Иако летниот трансфер прозорец заврши неодамна, во Интер веќе одлучиле кој дефанзивец сакаат да го доведат наредната година, според информациите на Фабрицио Романо и Матео Морето. Станува збор за 21-годишниот Жоел Ордонес од Бриж.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Миланскиот гигант започнал истражувачки преговори за еквадорскиот репрезентативец во последните неколку недели, но нивната намера е да го привлечат кога ќе заврши оваа сезона.

Ова лето интерес за него покажаа Марсеј и Ал-Хилал, но младиот дефанзивец на крајот одлучи да остане во Бриж. Тој веќе има две сезона зад себе во белгискиот клуб, со вкупно 84 натпревари, 4 гола и 2 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…