Дома Фудбал Инцидент на тренингот на Реал: До вчера изгледаше недопирливо, но кај Алонсо важат други правила

Инцидент на тренингот на Реал: До вчера изгледаше недопирливо, но кај Алонсо важат други правила

Веднаш по пристигнувањето во Реал Мадрид, тренерот Чаби Алонсо ја воспостави дисциплината и јасно им стави до знаење на своите играчи дека нема да толерира какви било испади на теренот и надвор од него.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На еден од последните тренинзи на Реал Мадрид се случи конфликт меѓу дефанзивецот Антонио Ридигер и крилниот напаѓач Винисијус Жуниор. Сѐ започна со груб старт од страна на Ридигер над Бразилецот. Винисијус се разбесне, дојде до жестока вербална расправија и туркање на теренот.

Чаби веднаш реагираше. Моментално го исфрли Ридигер од тренингот и го испрати дома за да се смират тензиите.

„Довидување“, порача Алонсо, открива извор близок до клубот.

Алонсо така јасно стави до знаење дека нема намера да толерира недисциплина, без оглед на статусот и важноста на одредени играчи. Кој не ги почитува правилата нема да биде во тимот…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…