
Кошаркарската репрезентација на Србија доживеа огромен срам на Европското првенство во Рига. Тие беа поразени во осминафиналето од екипата на Финска со 92:86, па така прерано го напуштија Летонија каде што беа и најголемиот фаворит за освојување на златниот медал на овој турнир.
Потфрли Србија, целата нација остана разочарана. Толку многу пати се повторуваа овие зборови во изминатите денови, што можеа да имаат и многу поголеми димензии во иднина, но авеј… Треба да се оди постепено, полека, и да се почека крајот на септември и статусот на новиот селектор.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Секако, има и такви кои се радуваат на испаѓањето на Србија, а тука не мислиме на останатите репрезентации на турнирот, туку на тимот на Денвер Нагетс. Како што пишуваат на сајтот “Nugg Love”, нивниот новинар Џои Мистрета истакнува дека тоа што Србија испадна може да биде извонредно добро за Нагетс.
– По одличниот старт на турнирот, Србија во сабота доживеа шокантен пораз од Лаури Марканен и Финска. Резултатот беше толку изненадувачки што дури и официјалниот профил на ФИБА Евробаскет на мрежа X овој пораз го нарече ‘изненадување на векот’ – пишува Џои Мистрета.
Тој потоа се осврнува и на Нагетс.
– Во Денвер сигурно сакаа Јокиќ да заблеска на Евробаскетот. Клубот го сака најдоброто за својата суперѕвезда, а Јокиќ одземање учество на овој турнир е од голема важност. Веројатно е фрустриран по шокантниот пораз од Финска. Овој пораз може дополнително да го мотивира Јокиќ пред следната НБА сезона. Србија доживеа сличен шок и на Евробаскет 2022, а Јокиќ потоа ги предводеше Нагетс до НБА титула. Иако ништо не е гарантирано, можно е да нѐ чека слично сценарио и оваа година.