
Стив Манданда, кој има 40 години и е поранешен голман на Франција и освојувач на Светското првенство во 2018 година, соопшти дека се повлекува од фудбалот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неговиот договор со Рен заврши на крајот од минатата сезона, а сега потврди дека е време да стави крај на својата долга и успешна кариера.
“Ми требаше подолго време да го прифатам, бидејќи не е лесно, да, престанувам”, изјави Манданда, истакнувајќи дека имал повеќе понуди, но ги одбил сите.
Манданда е роден во Киншаса, но пораснал во Франција.
Професионалната кариера ја започна во Хавр, а потоа стекна репутација во Марсеј, каде што помина дури 14 сезони и освои шест трофеи, вклучувајќи ја титулата француски шампион во 2010 година, под водството на Дидие Дешан.
Кратко време беше дел од Кристал Палас во сезоната 2016/17, но брзо се врати во Марсеј, пред последната година да ја помине во дресот на Рен.
За француската репрезентација дебитираше уште во 2008 година и одигра вкупно 35 натпревари.
Долги години беше резерва на Уго Лорис, но и дел од тимот што го освои Мундијалот во 2018 година во Русија, а стигна и до финалето на Еуро 2016 и Светското првенство во Катар 2022 година.