Дома Останати Кошарка Во Словенија немаат дилеми: Судиите ја однесоа Германија во полуфинале – во вакви услови не се играше кошарка!

Во Словенија немаат дилеми: Судиите ја однесоа Германија во полуфинале – во вакви услови не се играше кошарка!

Словенија синоќа загуби од Германија со резултат од 99:91, а по нивната елиминација од Евробаскетот, играчите на Александар Секулиќ ги обвинија судиите дека придонеле германскиот тим да стигне до полуфинале.

Словенските кошаркари најмногу се жалеа на недоследниот критериум на судењето, обвинувајќи ги дека им доделувале слободни фрлања на Германците кога требало и кога не требало, додека Лука Дончиќ остана небранет со многу недосудени прекршоци врз него.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


По завршувањето на натпреварот, Секулиќ и Ален Омиќ се соочија со судиите и ги навредуваа, но пред новинарите сепак внимателно ги избраа зборовите со јасна порака дека тројката судии предводена од Војчех Лишка не беше на висината на задачата и дека директно помогнаа Германија да се пласира во полуфинале.

“Најдобриот играч на Евробаскетот не е заштитен како што треба. Сите доаѓаат да го гледаат, а судиите прават вакви работи. Не може да се игра кошарка во овие услови. Тие имаа 40 слободни фрлања од нивните 90 поени. Два месеци ги одделивме од нашите животи, ги оставивме семејствата, а ова ни се случува”, изјави Омиќ и додаде:

“Сите рекоа дека ова беше еден од најдобрите натпревари на првенството. Да, и ако имаше правда, ќе беше најдобар на целиот Евробаскет. Видовте, невозможно е вака да се игра кошарка и искрено ќе кажам – осум против пет не е кошарка. Тоа ќе го држам до крај”, рече Омиќ.

Особено разочаран беше Клемен Препелич.

“Ми е преку глава од повторувањето на ова секое лето. Судиите не се на потребното ниво, и тоа не е само кога нѐ судат нас. Веќе не е важно дали заслуживме победа или не. 9.000 луѓе во салата и милиони ширум светот видоа што се случи. Ова не е нормално, сите видоа дека Дончиќ беше фаулиран во речиси секој напад. Секако, не може да се суди секој прекршок бидејќи тогаш би изведувал 100 слободни фрлања, но не може ниту да добие техничка во првата минута на натпреварот. Ова е срамота”, изјави Препелич.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Во Денвер се радуваат поради неуспехот на Србија на Евробаскетот, причината е Никола Јокиќ

Кошаркарската репрезентација на Србија доживеа огромен срам на Европското првенство во Риг…