Дома Останати Кошарка Во НБА се донесе ново правило: Ќе има повеќе шутеви од половина терен!

Во НБА се донесе ново правило: Ќе има повеќе шутеви од половина терен!

Новата сезона во најсилната кошаркарска лига во светот започнува на 2 октомври, а денес управната комисија на НБА донесе одлука поврзана со шутевите од големи дистанци на крајот од четвртините.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Промената конкретно се однесува на статистичкото евидентирање за шутевите од далечина во текот на последните три секунди од првите три четвртини.

Сите шутеви од најмалку 11 метри во наведениот временски интервал ќе се запишуваат како тимски обиди, наместо индивидуални, како што беше досега.

Правилото беше тестирано за време на Летната лига во Лас Вегас, како и на натпреварите во Јута и Калифорнија.

“Очекувајте уште повеќе шутеви од далечина од играчите оваа сезона, што беше и причината за промената и тестирањето на лигата во Летната лига во јули. Комисијата за натпревари исто така ја поддржуваше прилагодувањето во изминатите месеци”, објавија од лигата.

Минатата сезона, играчите погодуваа околу четири проценти од шутевите кои ги исполнуваат овие критериуми, според податоците од компанијата SportRadar.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јакимовски има нов клуб: Го напушти Тренто, но ќе остане во Италија

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски ќе ја продолжи кариерата во редовите на Нап…