
Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне беше гостин во емисијата El Partidazo de Cope и зборуваше опширно за разни теми како што се слабата старт на сезоната, конкуренцијата со Реал Мадрид и Барселона и неговите шампионски амбиции.
„Се наоѓаме во тежок период, низ кој минува секој тим во сезоната. Сега тоа ни се случува нам, и не треба да се криеме. Минатата година бевме 10 бодови зад Барселона, но во декември водевме на табелата. Во моментов имаме малку бодови и ја прифаќаме критиката, која е праведна, бидејќи не го собравме активот на кој сме способни. Најважно е да го најдеме вообичаеното ниво и да се подобриме.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Изгледа дека сè е лошо, но за мене тоа не е така. Не сакам да се оправдувам дека имаме само два од можни девет бодови, бидејќи немаме оправдување. Живеам за бодовите и претпочитам да играм лошо, но да собирам актив. Сега не играме толку лошо, но имаме премалку бодови. Секогаш имаме очекувања за титула. Во моментов сепак не би било добро за луѓето во Атлетико, бидејќи треба да сме концентрирани на развојот на тимот. Но, секако дека сакам да освојувам титули“.