Дома Фудбал Исак започна со тренинзите во Ливерпул

Исак започна со тренинзите во Ливерпул

Новото засилување на Ливерпул, Александар Исак, го одржа својот прв тренинг со тимот. Ова се случи денес, откако досега немаше можност за тоа.

Поранешниот играч на Њукасл се приклучи кон клубот во последните часови од трансфер пазарот на 1 септември, по што веднаш отпатува на кампот со националниот тим на Шведска за изминатите квалификации.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Денес Исак се појави на базата, каде што се запозна со новите соиграчи и тренерите кои беа присутни. Потоа помина низ фитнесот, а потоа се вклучи во тренингот на теренот.

Офанзивниот играч оваа сезона има само 18 минути на теренот, и тоа во натпреварот на Шведска против Косово пред неколку дена.

Останува да видиме дали Арне Слот ќе смета на Исак за претстојниот натпревар од Премиер лигата против Барнли в недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа мора да го победи Елче, но да мисли и на реваншот со тимот на Гвардиола

Реал Мадрид вечерва го пречекува Елче, а Алваро Арбелоа ќе ги одмори некои од првотимците …