
На самиот крај од преодниот рок ЖФК Љуботен во своите редови ја доведе 16-годишната Меланија Грозданова која уште на деби настапот покажа дека може да биде големо засилување за шампионот.
Тетовскиот тим и оваа сезона има јасна цел, нова шампионска титула и настап во европските натпреварувања, а Грозданова би можела да биде од голема помош во таа цел. Својот деби-настап го имаше во дуелот со ЖФК Топ Гол, кога Љуботен на полувреме водеше со 0-1.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Веднаш по нејзиното влегување на теренот, младата офанзивка со маестрален дриблинг и прецизен удар зголеми на 0-2, за само пет минути подоцна повторно да погоди, по асистенција на Хава Мустафа, и да го постави конечниот резултат.
Фото: Grozdanova Melanija MG7