
Иако новата сезона штотуку започна, новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, веќе знае дека наредната сезона нема да смета на Антонио Рудигер и Давид Алаба.
Мадридските медиуми ја искористија репрезентативната пауза за анализа на досегашната работа на Алонсо, со јасни прогнози за иднината, и открија дека Алонсо и Флорентино Перез се согласиле клубот да не им понуди нови договори на Рудигер и Алаба.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Искусните дефанзивци влегоа во последната година од нивните договори ова лето, Реал Мадрид нема проблем да останат до истекот, но обновата на соработката не е опција.
Алаба имаше опција да замине уште за време на летото, но одби, како поради фактот што сака да се докаже така и поради примањата, бидејќи е меѓу најплатените во тимот.
Рудигер беше многу важен елемент кај Карло Анчелоти, но и неговата улога сега е намалена, со оглед на тоа што Алонсо сака да го форсира тандемот Хаусен-Милитао.
Не треба да се заборави дека Алаба наполни 33 години, Рудигер е година помлад, па е јасно дека полека навлегуваат во завршетокот на кариерите.
Исто така, ова е уште еден јасен знак дека главната задача на Реал ќе биде да ја зајакне централната одбранбена позиција, а првата мета е Ибраима Конате, кој исто така има договор со Ливерпул до летото 2026 година.
Фотографија: Принтскрин