Дома Фудбал Mбапе како агент: Прави проблем во Ливерпул?!

Mбапе како агент: Прави проблем во Ливерпул?!

Фудбалерот од одбраната на Ливерпул, Ибраима Конате, повторно е во фокусот на интересот од Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот портал „Марка“ денес потсетува дека Французинот е една од главните цели на Реал, а ова го потврди и познатиот фудбалски новинар, Фабрицио Романо.

Претпоставува се дека Реал планирал да го купи Конате уште летово, бидејќи влегол во последната година од неговиот договор, но сепак играчот не бил на продажба.

Реал Мадрид најверојатно ќе продолжи да го притиска Ливерпул уште веднаш, во јануари, кога би можеле да потпишат преддоговор со французинот и да го почекаат да им се приклучи без отштета следното лето.

Конате во разговор со медиумите за време на кампот на француската репрезентација на шега изјави дека Мбапе често го повикува да му се придружи.

„Дали Мбапе ми врши притисок да преминам во Реал Мадрид? Ми се јавува на секои два часа“, рече насмеан Конате.

Извесно е дека Ливерпул ќе се обиде да ја обнови соработката со оваа млада ѕвезда, но според сите индикации, и самиот Конате живее во искушението да тргне по примерот на Трент Александер-Арнолд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан го објави новиот напаѓач, кој доаѓа од ПСЖ за рекордна сума

Од Милан официјално го објавија ангажманот на напаѓачот Гонсало Рамош, кој пристигнува со …