Дома Фудбал Челси подготвува спогодба со Стерлинг – земи 10 милиони фунти и заборави на оние 30!

Челси подготвува спогодба со Стерлинг – земи 10 милиони фунти и заборави на оние 30!

Во понеделникот заврши преодниот рок во најдобрите пет лиги, а некогаш еден од најдобрите крилни фудбалери Рахим Стерлинг не успеа да најде ангажман, иако одамна не е во плановите на менаџерот на Челси, Енцо Мареска.

Англискиот фудбалер со недели наназад се поврзуваше со многу клубови. Постоеше реална можност да заигра во Италија или Германија и така првпат во кариерата да се упати надвор од Премиер лигата, но последните денови од преодниот рок интересот го „загреа“ и Фулам.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Конечно, од сето тоа ништо не испадна што ги доведе и Челси и Стерлинг во незавидна ситуација. Актуелниот светски шампион поради високата плата која поранешниот ас на Ливерпул и Манчестер Сити ја има, фудбалерот со потекло од Јамајка поради тоа што нема да има никаква минутажа.

Затоа, според пишувањето на “Football Insider”, Челси му понудил на Стерлинг 10 милиони фунти за раскин на договорот кој истекува во летото 2027 година.

Играчот така би добил „решени раце“ кога е во прашање изборот на нов клуб, додека Челси би заштедил пари кои беа планирани до крајот на договорот.

Да потсетиме, Стерлинг во наредните 24 месеци, ако остане до истекот на договорот, ќе заработи цели 30 милиони фунти што би претставувало чиста загуба за Челси, па се оди кон раскинување на соработката.

Стерлинг стигна во Челси летото 2022 година од Манчестер Сити за 56.2 милиони евра и не успеа ни приближно да ги повтори настапите кои во најдобрите денови од кариерата ги имаше за клубот од “Етихад”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лихтенштајн беше лесен залак: Македонија со „петарда“ го декласира ривалот во Скопје (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација со убедлива и рутинска игра го совлада Лихтенштајн с…