
Зад Арсенал е одличен трансфер период, особено кога станува збор за доведувањето на нови играчи на Емиратес, но не е лошо ни завршена работата со заминувањата од овој тим.
Според англиските медиуми, Арсенал веќе го договори првото јануарско засилување иако јануари е многу далеку, а летниот трансфер период штотуку заврши.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Топџиите потрошија многу пари ова лето, и донесоа вкупно осум нови фудбалери.
Мартин Зубименди, Еберечи Езе и Виктор Гјокерес се некои од играчите кои ова лето пристигнаа на Емиратес за огромна сума.
Секако, тука се и Нони Мадуеке, Кристијан Москера, Кристијан Норгаард и Кепа Аризабалага, а последниот ден од трансфер периодот пристигна и Пјеро Хинкапије.
Според новинарите на Caugt Offside, Арсенал долго време го следеше и наводно го договори доаѓањето на стоперот Луис Бенедети и во јануари ќе испрати официјална понуда.
Бенедети има 19 години и привлече многу внимание заради партиите што ги прикажува во Бразил, а долго го следи и Барселона.
Фотографија: Принтскрин