Дома Останати Ракомет Вардар поразен во финишот, Пелистер со драматична победа го освои Суперкупот

Вардар поразен во финишот, Пелистер со драматична победа го освои Суперкупот

Актуелниот шампион Пелистер стигна до нов трофеј откако во возбудлив натпревар го совлада големиот ривал Вардар со минимални 28-27 и го подигна пехарот во Суперкупот на Македонија.

Натпреварот, кој започна со мало доцнење, донесе вистински ракометен спектакл. Пелистер од самиот почеток влезе поагресивно и диктираше темпо сè до средината на првото полувреме, кога Вардар фати ритам и поведе со 10-6. „Црвено-црните“ ја контролираа играта и предноста ја одржуваа до завршните моменти од првото полувреме, но падот на концентрацијата им овозможи на битолчани да намалат на 12-13.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во вториот дел, избраниците на Пелистер направија пресврт и поведоа со 15-14. Следеше израмнета борба, со постојана размена на голови, сè до последните десет минути кога Пелистер создаде залиха од четири разлика. Сепак, Вардар не се предаде – тајм-аутот на тренерот Чупиќ донесе резултат, па „црвено-црните“ успеаја да израмнат на 26-26.

Одлуката падна во драматичен финиш. Во последните секунди, Хосни се проби низ одбраната на Вардар и ја затресе мрежата за конечни 27-26, носејќи голема победа и нов трофеј за Пелистер.

Фото: РК Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Maнасков брутално искрен: Нема да играм за Македонија поради Лазаров!

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, кој оваа сезона игра во одлична форма, о…