Дома Фудбал Контроверзниот Русин предизвика бура: Синер е најголем на сите времиња!

Контроверзниот Русин предизвика бура: Синер е најголем на сите времиња!

Првиот светски рекет, Италијанецот Јаник Синер, обезбеди пласман во четвртфиналето на Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави, откако во Њујорк на осминафиналето го совлада 24. рангиран тенисер во светот, Русинот под казахстанско знаме Александар Бублик, со убедливи 6:1, 6:1, 6:1 во сите сетови.

Натпреварот траеше еден час и 23 минути. Синер му го одзеде сервисот осум пати на казахстанскиот тенисер, додека Бублик не освои ниту еден брејк.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од самиот почеток на натпреварот, беше очигледно дека Италијанецот е комплетно доминантен, а неговиот противник по поразот можеше само да му честита.

-„Тоа беше неверојатно. Јас не играм лошо, но ти си едноставно ГОАТ(Најдобр на сите времињаа)“ му кажа Бублик на Синер на мрежата, потврдувајќи го и тоа што го кажа пред натпреварот.

Пред дуелот, новинарка го праша како мисли да го победи Синер, а Бублик тогаш одговори:

– Сѐ кај него претставува проблем. Тој е како играч создаден од вештачка интелигенција. Ќе се обидеме да најдеме начин да го совладаме. Ќе видиме како ќе биде – рече тогаш Бублик.

Сепак, изјавата дека Синер е “најголемиот тенисер на сите времиња” (НАЈ ДОБРИОТ) звучи малку претерано со оглед на то пред Италијанецот има тенисери кои направија повеќе низ кариерата..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…