
Ерик тен Хаг неочекувано беше отпуштен од Бајер Леверкузен по само три официјални натпревари, од кои два беа првенствени. Оваа одлука се чини избрзана, за некои и премногу сурова, но според сè што се слуша од таборот на “фармацевтите”, таа е разбирлива.
Летото Холанѓанецот потпиша двегодишен договор и го презеде управувањето од Чаби Алонсо, кој замина во Реал Мадрид. Леверкузен ја отвори сезоната со рутинска победа 4:0 во Купот против нисколигаш, кој им помогна затоа што го заврши натпреварот со девет играчи.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сепак, резултатите се само дел од приказната и, не, не станува збор за клетва, иако многу навивачи на Манчестер Јунајтед би потпишале дека е така.
Тен Хаг го наследи тренер кој играше атрактивен, напаѓачки фудбал, беше омилен меѓу играчите и започна низа на успеси. Покрај тоа, како што кажавме, клубот летово остана без носителите на играта – Вирц и Фримпонг заминаа во Ливерпул, капитенот Гранит Џака во Сандерленд, додека Храдецки и Адли преминаа во Монако и Борнмут. Значи, тимот изгуби и квалитет и карактер. Задачата да го реконструира сето тоа, со високи очекувања, беше огромна.
Спортскиот директор Симон Ролфес изјави дека одлуката е тешка, но дека стана јасно дека изградбата на нов и успешен тим со моменталните поставки „не е можна”. Генералниот директор Фернандо Каро додаде дека одлуката беше “болна, но неопходна”, со порака дека тие сакаат најдобри можни услови за исполнување на целите.
Играчите не го прифатија неговиот стил на работа, во Германија неофицијално се пишува и дека се пожалиле на управата на клубот, па раководството проценило дека е подобро да се прекине веднаш отколку да се оди подлабоко во сезоната со погрешно решение.
Фото: Принтскрин