Дома Фудбал Миовски го одработи првиот тренинг во Ренџерс: Ова е вистинското место за мене

Миовски го одработи првиот тренинг во Ренџерс: Ова е вистинското место за мене

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски официјално го облече дресот на Глазгов Ренџерс, откако денеска беше претставен како ново засилување на шкотскиот гигант. Само неколку часа по промоцијата, напаѓачот веќе излезе на тренинг-центарот и ги одработи првите минути со новите соиграчи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Миовски со голема мотивација пристигна во Шкотска, каде што беше пречекан со високи очекувања од клупските навивачи и стручниот штаб. Од него се очекува да ја засили напаѓачката линија и со својата ефикасност да донесе дополнителна остринa во играта на тимот.

Ренџерс во новата сезона влегува со јасна цел – борба за титули на домашната сцена и што е можно подалеку во европските натпреварувања. Македонецот ќе има клучна улога во тие амбиции, бидејќи токму неговите голови и креативност во нападот треба да бидат едно од најсилните оружја на „сините“ од Глазгов.

„Возбуден сум што доаѓам во Ренџерс. Кога дознав за нивниот интерес, знаев дека ова е местото во кое сакам да играм. Ова е вистинското место за мене. Едвај чекам да заиграм пред навивачите“, кажа Миовски.

Фото: Facebook/Rangers FC

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез: Не сакам односи со Барселона која две децении ги плаќа судиите

Тензиите меѓу Реал Мадрид и Барселона повторно се разгореа по завршувањето на сезоната во …