Дома Фудбал Дали ќе има Артета оправдание ако не ја освои титулата? Договорен е дефанзивец – позајмица, па 52 милиони евра!

Дали ќе има Артета оправдание ако не ја освои титулата? Договорен е дефанзивец – позајмица, па 52 милиони евра!

Арсенал постигна договор со Баер од Леверкузен за доведување на дефанзивецот Пјер Инкапие, пренесуваат скоро сите релевантни извори.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Еквадорецот доаѓа на заем до крајот на сезоната со можност за откуп на договорот за 52.000.000 евра и 10 проценти од следната продажба.

Инкапие (23) пред две сезони освои Бундеслигата со Баер. Има одиграно 166 натпревари за тој клуб и постигнато седум гола, со пет асистенции.

Стандардно е репрезентативец на Еквадор, за кого одигра 46 натпревари и постигна три гола.

Инкапие е агресивен, брз и технички сигурен лев дефанзивец кој може да игра и како лев бек. Познат е по прецизните додавања и сигурното изнесување на топката, со способност да одржува висока линија на одбрана.

Менаџерот на Арсенал Микел Артета сега доби апсолутно сè што сакаше во трансфер рокот, има на располагање фантастичен тим и за него нема да има оправдување ако не ја освои титулата, без разлика на жестоката конкуренција во Премиер лигата. “Топџиите” ја чекаат титулата од 2004 година наваму.

Пред Инкапие, Арсенал ги доведе Еберечи Езе, Мартин Зубименди, Виктор Ѓокереш, Нони Мадуеке, Кристијан Москера, Кристијан Норгард и Кепа Аризабалага.

Арсенал одлично ја отвори сезоната во Премиер лигата, стартуваше со две победи, а утре во 17.30 часот го очекува големо дерби против шампионот Ливерпул на гости.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ериксен отпуштен од болница на домашна негa – докторите ги објавија деталите!

Данскиот репрезентативец и фудбалер на германскиот Волфсбург, Кристијан Ериксен, е отпуште…