Дома Фудбал Палки, факели…: Нов инцидент меѓу навивачите на Црвена Звезда и Партизан (ВИДЕО)

Палки, факели…: Нов инцидент меѓу навивачите на Црвена Звезда и Партизан (ВИДЕО)

Навивачите на Црвена Звезда и на Партизан повторно направија нереди и тепачка во Белград. Овој пат местото каде се случија непријатните сцени беше на патот Зрењанин, близу населбата Котеж.

Летале факели, се удирало со палки и шипки, а причината за тепачката сè уште не е утврдена. Ниту црвено-белите, ниту црно-белите имаа натпревари денес, па се претпоставува дека тепачката била организирана.

Често се водат „војни“ преку Панчевачкиот мост. Неофицијално правило е дека Котеж припаѓа на навивачите на Црвена Звезда, додека Борча е дел наменет за приврзаниците на Партизан, па ова беше своевидна „граница“.

Информации од надлежните органи сè уште нема, како ни бројот на уапсени, но ни повредени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА ја нападна УЕФА!

FIFA ја обвини UEFA дека спроведува кампања на дезинформации и се обидува да влијае на пре…