Дома Фудбал Што ќе се случи со Исак? Ливерпул подготвува понуда, но Њукасл не попушта

Што ќе се случи со Исак? Ливерпул подготвува понуда, но Њукасл не попушта

Шведскиот напаѓач Александар Исак би можел да стане најголемата приказна во последните денови од летниот преоден рок. Според добро информираниот новинар Фабрицио Романо, ситуацијата околу 24-годишниот голгетер на Њукасл и понатаму останува неизвесна, но со јасна желба од страна на фудбалерот – преселба на „Енфилд“.

Исак, кој важи за еден од најскапите играчи во тимот на „страките“, наводно инсистира на трансфер во Ливерпул, а неговата решителност дополнително ја зголемува можноста за голем пресврт на фудбалскиот пазар. „Црвените“ од Мерсисајд, пак, се подготвени да испратат нова официјална понуда, но само доколку раководството на Њукасл покаже подготвеност да преговара за продажба.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Претходно се шпекулираше дека Њукасл нема намера да се раздели со својот прв напаѓач, но финансиските аспекти и интересот од клуб со реноме како Ливерпул би можеле да ја сменат нивната позиција.

Доколку трансферот се реализира, тоа би бил еден од најзвучните потези на летото, а Арне Слот би добил напаѓач со брзина, техника и голгетерски инстинкт кој би можел значително да ја засили офанзивната моќ на Ливерпул.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Димовски не останува во Партизан: Ќе го откупи друг клуб, позната и цената на трансферот

Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски е пред нов предизвик во кариерата. Откако по за…