
Се чини дека можеби ги гледаме последните натпревари на Бруно Фернандеш во дресот на Манчестер Јунајтед, но и во Премиер лигата.
Се појавија информации дека играчот од средината е “отворен за напуштање на Манчестер Јунајтед”, откако неколку екипи изразија интерес за него.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Фернандеш го помина почетокот на јуни сериозно размислувајќи за понудата на саудискиот Ал Хилал, кој беше подготвен да му понуди 810 илјади фунти неделно во траење од три години.
Ал Хилал исто така беше подготвен да плати околу 115 милиони евра на Манчестер Јунајтед за него и беа уверени дека понудата ќе биде прифатена од страна на клубот.
Агентот на Фернандеш, Мигел Пињо, беше дури и во Саудиска Арабија на преговори со челниците на овој клуб, но неколку дена подоцна Португалецот го одби трансферот.
И покрај неговите коментари, новите извештаи на Daily Mail тврдат дека Фернандеш е доста отворен за нов проект.
Наводно, сето ова треба да се случи на крајот од сезоната кога Фернандеш би требал да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.
Фото: Grok AI