
Фудбалерите на кипарскиот Пафос постигнаа историски успех со влезот во групната фаза на Лигата на шампионите, елиминирајќи ја Црвена Звезда со вкупен резултат од 3:2. По победата од 2:1 во првиот меч во Белград, шампионите на Кипар и Србија завршија реми 1:1 во реваншот во Лимасол.
Звезда поведе во 60-тата минута благодарение на голот на Мирко Иваниќ, кој погоди од работ на шеснаесетникот, за водство од 1:0 и изедначување во вкупниот резултат. Пафос, стигна до гол вреден напредок во 89-тата минута, кога Јаја мајсторски реализираше со асистенција од Пепе.
“Ова наликуваше на селска лига”
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Тренерот на Црвена Звезда Владан Милојевиќ коментираше по завршувањето на мечот. “Како што рековте, шокантно е. Мора да ги анализираме двата натпревари кога примаме гол на почетокот од едниот, а на крајот од другиот натпревар”, започна тој, па продолжи со укажување на проблемите:
“Целата игра овде беше како борба, проблеми на трибините, имаме двајца играчи повредени овде. Не сакаат да ја додаваат топката, ужасно е, трагично, ова е на ниво на селска лига. Не барам алиби. Одиме во Лига на Европа, ќе се бориме. Им честитам на играчите за борбеноста, многу играа со повреди како што е Радо Круниќ кој прими три инекции. Прашање беше дали ќе настапи, таков е фудбалот, понекогаш е суров, понекогаш работи за вас. Сега не, но продолжуваме понатаму. Сакам да кажам дека Пафос беше подобар тим, но ако вака ќе играат во Европа со вакво однесување….”