Дома Фудбал „Билд“: Баерн Минхен ќе „го спасува“ отпишаниот играч на Челси – веќе сè е договорено!

„Билд“: Баерн Минхен ќе „го спасува“ отпишаниот играч на Челси – веќе сè е договорено!

Летниот преоден рок се доближува до својот крај, а до завршувањето се очекуваат уште неколку интересни трансфери во европскиот фудбал.

Челси зад себе има една доста успешна сезона во која обезбеди учество за годинешното издание на Лигата на шампионите бидејќи заврши на четврто место на табелата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Покрај тоа, Сините ја освоија Конференциската лига и така станаа првиот клуб во историјата на фудбалот кој ги освоил сите три големи европски натпреварувања (ЛШ, ЛЕ, КЛ).

Ова лето во лондонскиот клуб беа многу активни на трансфер пазарот и сериозно го зајакнаа својот играчки кадар.

Меѓу другото, ова лето на Стамфорд Бриџ пристигнаа Жоао Педро, Лиам Делап, Џејми Гитенс, Џорел Хато…

На оваа листа на играчи, првите двајца (Жоао Педро и Лиам Делап) играат на позицијата центарфор, поради што се создаде приличен метеж на самиот врв на нападот. Несомнено е дека покрај споменатите влезни трансфери, ќе мора да има и излезни, а еден од играчите кој е отпишан е Николас Џексон.

Сенегалецот веќе пред неколку недели го искажал своето незадоволство кон управата и им порача дека сака што побргу да го напушти клубот.

Џексон не беше ниту на списокот за последниот натпревар, па сосема е јасно дека неговата епизода во Лондон се ближи кон крајот.

Сега угледниот германски весник „Билд“ објавува ексклузива односно открива неговата следна дестинација во кариерата, а тоа е Баерн Минхен.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Понуда од 50 милиони која ќе ги реши сите проблеми на Барса! Дали да ја прифатат?

Играчот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопес, би можел да го напушти клубот, бидејќи…