Дома Фудбал Барселона потпишува нов договор со голман и го позајмува во тим од Ла Лига за да го регистрира Шчесни

Барселона потпишува нов договор со голман и го позајмува во тим од Ла Лига за да го регистрира Шчесни

Барселона и Елче постигнале целосен договор во врска со голманот на каталонците Ињаки Пенја, објавуваат медиумите во Шпанија. Голманот на 26-годишна возраст ќе замине на позајмица во тимот кој доби промоција во Ла Лига до крајот на сезоната.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Планот на Барселона е пред тоа, Пенја да потпише нов договор со клубот за уште 3 години, по што веднаш ќе биде позајмен. И самиот фудбалер е согласен со трансферот.

Голманот не може да се наметне во конкуренција на Жоан Гарсија и Војчех Шчесни, па за него ќе биде подобро да добие повеќе играчки минути.

Истовремено, позајмицата на Пенја ќе го олесни регистрирањето токму на искусниот полски голман. Барселона сака да се ослободи и од Ориол Ромеу и Ектор Форт, за да може да го искористи и новиот член Рујни Барџи, како и Жерард Мартин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како Бруно ги одби саудиските милиони и остана во Јунајтед

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, откри повеќе за својата одлука да остане…