Дома Фудбал Бруно Фернандеш го изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)

Бруно Фернандеш го изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)

На стадионот Крејвен Котиџ се одржува натпревар помеѓу Фулам и Манчестер Јунајтед во рамките на второто коло од Премиер лигата, а резултатот по првото полувреме остана 0:0.

Главниот виновник за ваквиот исход беше Бруно Фернандеш, играчот од срединиот на теренот на Јунајтед, кој во 38-та минута не успеа да ја искористи извонредната прилика за да го предведе својот тим во водство.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Судијата досуди пенал за Јунајтед откако Баси направи прекршок, при што за време на корнерот еден играч на Јунајтед беше фрлен на земја со боречки потег. По интервенцијата на ВАР, беше потврден пеналот.

Фернандеш ја презеде одговорноста и изведе удар, но тоа беше еден од најлошите пенали во неговата кариера, бидејќи ја испука топката високо над голот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваква сцена не се памети: 50.000 навивачи натераа Нагелсман да внесе во игра еден човек!

Во пријателски натпревар, Германија ја совлада Гана со резултат од 2:1, а победата за Герм…