
Фудбалерите на Ванкувер Вајткапс ја победија екипата на Сент Луис Сити со резултат 3:2 во МЛС лигата синоќа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ако некогаш ве прашаат: „Што му недостасува на МЛС лигата?“, покажете им го деталот кој го одреди победникот на дуелот помеѓу Вајткапс и Сент Луис. Тоа да беше само изолиран случај, но честопати се случуваат чудни судиски одлуки на американско тло, во лига која, наводно, напредува секоја година од сите аспекти.
Ситуацијата од натпреварот во Канада каде што судијата Базакос покажа на белата точка во 14. минута од продолжението е апсурдна, но да тргнеме по ред.
Двапати водеше Сент Луис на овој натпревар, двапати се вратија домашните, а потоа следеше моментот кој ја одлучи средбата и беше прилично контроверзен.
Фотографија: Принтскрин