
Милан го изненади непријатно распродадениот Сан Сиро во првото коло од Серија А поразувајќи го од неодамнешниот второлигаш Кремонезе (1:2), но затоа преполниот „Меаца” и италијанската фудбалска јавност ги воодушеви Лука Модриќ.
Тој беше стартер и на тој начин влезе во историјата на италијанскиот фудбал. За Милан играше со 39 години, 11 месеци и 14 дена, со што стана најстариот дебитант во Серија А. Модриќ го сруши рекордот што го држеше Маурицио Пуглиеси од 2016 година, кој прв пат настапи за Емполи на 39 години и шест месеци.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Но, Модриќ не се задоволи само со рушење на рекорд на староседелци. Играше така што заслужи оценка 7.5 од SofaScore, највисока меѓу играчите на Милан. Исто така беше втор најдобро оценет играч на натпреварот, по напаѓачот на Кремонезе, Федерико Бонацоли, кој за победничкиот гол со “ножички” доби оценка 7.8.
Модриќ суверено ја контролираше средината на теренот. Ја водеше играта на Милан и успеа да се ослободи од пресингот на противникот. Модриќ ги проигруваше соиграчите, но тие не ги искористуваа неговите додавања. Сепак, едно додавање на Модриќ со надворешната страна, што е негов заштитен знак, заврши со гол, но беше судено офсајд.
Лука Модриќ vs. Кремонезе
— Drix (@drixprods) August 23, 2025
Деби во Серија А @lukamodric10 pic.twitter.com/1lCDsYdML9
Фото: Принтскрин