
Луис Хамилтон поминува низ тешка прва сезона во Ферари. Без ниту еден подиум, се повеќе се зборува за тензии внатре во тимот. Хуан Пабло Монтоја открива дека Ферари не го слуша Хамилтон и предупредува за „внатрешна борба”.
Легендарниот Ф1 возач Хуан Пабло Монтоја е загрижен за ситуацијата во Ферари. Тој смета дека тимот не обрнува доволно внимание на сугестиите на Луис Хамилтон.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Според неговото мислење, тоа би можело да доведе до сериозен внатрешен конфликт.
Хамилтон, кој минатата зима го напушти Мерцедес и стигна во Маранело, сѐ уште го чека првиот подиум во црвениот болид.
После 14 трки, Хамилтон не успеа да заврши меѓу првите три. Неговиот тимски колега Шарл Леклер во меѓувреме пет пати беше на подиумот.
Ова јасно покажува дека Ферари SF-25 не е потполно неуспешен, но ниту Хамилтон нема корист од тоа.
Монтоја верува дека тоа не е знак за пукање под притисок, туку порака до Ферари.
“Мислам дека неговата изјава не е знак на слом,” рече Монтоја.
“Ова е начин да му порача на Ферари: ако не ме слушате, пуштете ме да заминам. Суштината е во тоа што Луис не добива вниманието што го сака и нема доволно од она што го бара и за што се залага.”
Монтоја нагласува дека Хамилтон вложува огромен труд, но наидува на ѕид.
“Тој вложува многу труд. Мислам дека работи навистина напорно, но Ферари има многу уредена структура во начинот на кој работат. Нивниот став е: ова е нашиот начин и прифати го. Но Луис вели: ‘Вашиот начин не носи победи!'”
Фото: Принтскрин