Дома Фудбал Киеза не сака да си оди од Ливерпул

Киеза не сака да си оди од Ливерпул

Италијанскиот репрезентативец Федерико Киеза им соопштил на раководството и тренерскиот тим на Ливерпул дека сака да остане во клубот и да се избори за стартно место, пренесуваат на Островот. Напаѓачот имаше тешка прва сезона, но сепак ја подигна шампионската титула со „црвените“.

Кјеза постигна важен гол за својот тим во победата од 4:2 против Борнмут во првото коло од тековната сезона на Премиер лигата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Фудбалерот, кој пристигна во Ливерпул од Јувентус, ретко добиваше шанси за игра и последните месеци се појавија информации дека може да се врати во својата татковина.

Сега, сепак, работите изгледаат дека ќе се завртат во сосема различна насока, на што наговести не друг, туку самиот менаџер на Ливерпул Арне Слот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВАДА се заканува со забрана за Трамп: Нема да може да присуствува на Светското првенство?

Напнатоста помеѓу Светската антидопинг агенција (ВАДА) и Соединетите Американски Држави мо…