Дома Фудбал Рубен Дијаш потпиша нов договор со Манчестер Сити

Рубен Дијаш потпиша нов договор со Манчестер Сити

Столбот во одбраната на Манчестер Сити – Рубен Дијаш, го продолжи договорот со клубот до 2029 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Граѓаните” го привлекоа Португалецот од Бенфика во 2020-та и во овој петгодишен период освои 10 трофеи. Во првата сезона на “Етихад” беше прогласен за Играч на сезоната во Премиер лигата и ја освои наградата на Здружението на фудбалските новинари.

“Толку сум горд што го претставувам овој голем клуб. Сити е местото каде што сакам да бидам – на врвот во спортот, да се бориме за трофеи. Амбицијата на клубот совршено се совпаѓа со мојата и како фудбалер нема ништо поубаво од тоа. Го сакам Манчестер – сега ова е мојот дом – и ги сакам навивачите на Манчестер Сити. Нивната поддршка од првиот ден беше апсолутно неверојатна и многу ја ценам. Кога ќе размислам за трофеите кои ги освоивме и начинот на кој игравме фудбал за време на мојот престој тука, не можам да си замислам да играм на друго место.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дешам веднаш по натпреварот го најде виновникот за поразот од Шпанија

Дидје Дешам имаше интересен настап пред новинарите по синоќешниот пораз на Франција од Шпа…