Дома Фудбал Интер ја добива битката со Наполи: Во Милано пристигнува француски репрезентативец!

Интер ја добива битката со Наполи: Во Милано пристигнува француски репрезентативец!

Енди Дијуф од редовите на Ленс наскоро ќе биде промовиран како ново засилување на вицешампионот на Европа.

Овој талентиран играч од средниот ред ќе пристигне во светската метропола на модата пред крајот на неделата за медицински прегледи, по што ќе биде на располагање на тренерот Кристијан Киву. Интер ќе излезе како победник во борбата со Наполи, кој исто така беше заинтересиран за играчот со сенегалски корени.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Станува збор за играч кој го покрива скоро целиот терен, иако е повеќе фокусиран на дефанзивните задачи. Ретко гледа кон противничкиот гол, иако во последните неколку сезони покажа дека и тоа му е во домен на способности.

Лани освои сребрен медал на Олимписките игри во Париз со „Галските петли“, и мина низ сите младински селекции на репрезентацијата на Франција

Во сезоната 2022/2023 беше позајмен на Базел, каде што како стандарден играч од среден ред го достигна својот целосен потенцијал. Швајцарците ја искористија опцијата да го откупат за 5.500.000 евра, но по само два месеца добија понуда што беше неизбежна за прифаќање.

Ленс на адреса на црвено-сините испрати понуда од 14.500.000, по што клубот од Сент Јакоб Парк без размислување прифати да профитира брзо. Интер сега ќе инвестира 20.000.000 евра за услугите на Диуф, со можност Па-де-Кале да добие дополнителни 5.000.000 преку бонуси.

Станува збор за петгодишен договор со тимот од „Џузепе Меаца“, каде 22-годишникот ќе заработува 2.000.000 евра по сезона, дознава тамошната Газета. Доверливиот инсајдер Фабрицио Романо ја потврди финализацијата на договорот, така што Интер ќе добие осигурување за иднината што веднаш ќе може да помогне на своите соиграчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крос не може да молчи, па нападна младата ѕвезда: Одиш таму само за да им земаш пари две години

Тони Кроос одамна е во пензија, но легендарниот Германец, се разбира, е постојано со фудба…