Дома Фудбал Ѕвездата на Ливерпул во љубовен триаголник: Ја остави девојката, сега чека дете со нејзината најдобра пријателка

Ѕвездата на Ливерпул во љубовен триаголник: Ја остави девојката, сега чека дете со нејзината најдобра пријателка

Алексис Мeк Алистер (25), фудбалер на Ливерпул и светски првак со Аргентина од Катар 2022 година, е во центарот на вниманието не поради своите игри на теренот, туку заради приватниот живот.

Мeк Алистер до скоро беше во долготрајна врска со Камила Мајан, со која беше заедно од 2017 година. Камила го поддржуваше во текот на неговиот развој, од дните во Аржентинос Жуниорс до трансферот во Брајтон во 2019 година и подоцна во Ливерпул.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, по освојувањето на Светското првенство со Аргентина, нивната врска неочекувано се прекина. Камила тврди дека била изненадена и повредена бидејќи дознала дека Мeк Алистер започнал врска со нејзината блиска пријателка Аилен Кова.

Аргентинските медиуми наведуваат дека оваа ситуација е причината зошто Мајан одлучила да поднесе тужба против фудбалерот, обвинувајќи го за неверство и истакнувајќи дека заради него жртвувала свои амбиции за да се пресели во Англија.

Фудбалерот изјавува дека нема причина за загриженост и дека е среќен во новата врска:

“Не можевме повеќе да бидеме заедно, љубовта едноставно исчезна. Таа замина по свој пат, јас по својот. А што се однесува до тужбата, сѐ е во рацете на судот. Јас сум мирен.”

Мeк Алистер и Аилен неодамна соопштија дека очекуваат дете, а фудбалерот отворено говори за тоа колку ужива во заедничкиот живот со партнерката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите на Манчестер јунајтед ги изговараа своите имиња: Знаете ли како се читаат Мбуемо и Де Лихт?

Правилното изговарање на имињата на фудбалерите често претставува предизвик за спортските …