Дома Фудбал Милан може сепак да земе дански напаѓач, но не и Хојлунд

Милан може сепак да земе дански напаѓач, но не и Хојлунд

Иако Милан е на пат да го привлече Виктор Бонифаес од Баер Леверкузен, клубот би можел да се обиде да потпише со уште еден напаѓач, тврдат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што е познато, во последните денови „росонерите“ беа поврзани со Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед, кој сепак нема да ги прифати нивните услови.

Сега од Милан се насочиле кон друг дански напаѓач, а тоа е Конрад Хардер од Спортинг Лисабон. Се смета дека португалскиот шампион е подготвен да се раздели со својот играч за 25 милиони евра.

Дваесетгодишниот талент, кој може да игра и на двете крила, се приклучи на „лавовите“ минатото лето, кога тие платија на Норшеланд 19 милиони евра за него. Младинскиот репрезентативец на Данска е со статус на резерва во Спортинг, за кој одиграл 50 натпревари со 11 голови и 7 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд ја водеше Норвешка до победа над Ирак (Видео)

Фудбалерите на Норвешка забележаа значајна победа на стадионот Жилет во Фоксборо, откако в…