
Мајката и агент на Адриен Рабио – Вероник, упати жестока тирада кон Марсеј по одлуката на клубот да го продаде нејзиниот син по неговиот конфликт со соиграчот Џонатан Роу.
Според неа, конфликтот меѓу двајцата намерно е претставуван како посериозен отколку што навистина е. Таа исто така го определи раководството на клубот како некомпетентно и алчно.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Играч како Адриен не може да биде отстранет од тимот заради расправија во соблекувалната. Во светот на фудбалот секој лаже и сите го знаат тоа. Секако дека тие лажат. Во сите случаи, на крајот, во фудбалот секогаш станува збор за пари. Кога не знаеш за што станува збор, тоа е затоа што се вклучени пари. Како можеме да си замислиме дека има пресметка со неверојатно насилство и никој да не интервенира? Што значи неверојатно насилство? Никој не беше повреден, никој не отиде во болница. Немаше ни скршен нос, ни расцепена устна, ни конци. Затоа не можам да разберам и не го верувам тоа. Не го негирам препирката, Адриен – исто така. Ќе му дадам можност да даде свое објаснување.
Мислев дека го преживеавме најлошото со ПСЖ. Е, грешев! Семејството Рабио никогаш не се покорува, ние не жалиме за нашите одлуки. Сепак, не сакав мојот син да потпише со Марсеј… Тој сам ме убеди во тоа. Кога Бенатија ме повика првпат, му реков: „Ако зависи од мене, мојот син немаше да премине во овој клуб!“ Многу сум тажна поради навивачите.