Дома Фудбал Европа е обезбедена, но Шкендија сака изненадување дома против Лудогорец!

Европа е обезбедена, но Шкендија сака изненадување дома против Лудогорец!

Вечерва во 20 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, македонскиот првак Шкендија ќе се судри со Лудогорец во првиот натпревар од плејофот за пласман во групната фаза од Лига Европа. Тетовци веќе ја испишаа клупската историја, обезбедија европска есен и настапи до Нова година. Сега останува да се види дали тоа ќе биде во Лига Европа или во Конференциската лига.

Ривалот од Бугарија е далеку поискусен на европската сцена и со право влегува како фаворит, но црвено-црните ќе се обидат да приредат изненадување и со поддршка од домашната публика да дојдат до позитивен резултат пред реваншот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ќе дадеме се од себе, ќе се бориме и ќе се обидеме да изненадиме противник кој на хартија е фаворит. Очекуваме тежок меч, затоа што Лудогорец редовно игра во групните фази, но ние сме подготвени да одиграме максимално сериозно“, истакна стратегот на Шкендија, Јетон Беќири.

Шкендија досега трипати доаѓаше на прагот на Лига Европа и секогаш запираше токму во плејофот. Но, овојпат ситуацијата е поинаква и во случај на елиминација, тимот ќе продолжи во Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден фудбалер постигна четири гола: Македонските млади фудбалери ја прегазија Црна Гора!

Македонската кадетска репрезентација до 16 години славеше уште една победа против Црна Гор…