Дома Фудбал Eве како Арсенал успеа да го изигра Тотенхем и да го доведе Езе? Медумите потсетија и на негова изјава од 2018 година

Eве како Арсенал успеа да го изигра Тотенхем и да го доведе Езе? Медумите потсетија и на негова изјава од 2018 година

Фудбалерот на Кристал Палас, Еберечи Езе, ќе стане нов член на Арсенал, иако се веруваше дека договорот со Тотенхем е веќе завршен.

До самиот крај беше жестока борбата меѓу двата лондонски тима за потписот на Езе, а конечниот исход беше вистинско изненадување. Британските медиуми открија како се случи овој пресврт.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се чинеше дека Арсенал се повлекува и дека Езе ќе заврши во Тотенхем. Тимот на „Петлите“ се трудеше на сите начини да го придобие играчот на Кристал Палас, покажувајќи иницијатива во преговорите и понудите.

Информациите од познатиот трансфер експерт Фабрицио Романо, дека Езе ја прифатил понудата на Тотенхем и дека потпишува договор со нив, најавуваа конечен заклучок.

„Раководствата на Тотенхем и Кристал Палас, управувани од Даниел Леви и Стив Периж, беа во директни преговори за трансферот на Езе. Тотенхем ја прифати фиксната сума од 65 милиони евра плус дополнителни 10 милиони евра во бонуси. Езе го потврди својот интерес за преселба во Тотенхем“, напиша Романо на својот профил на „Икс“.

Сепак, се случи неочекуван пресврт, а јавноста за тоа ја информираше Дејвид Орнштајн од Атлетик. Арсенал успеа да го реализира трансферот на Езе во само еден ден.

„Андреа Берта се обрати на Езе и тој веднаш му даде инструкција на својот менаџер да прекине со комуникацијата со Тотенхем.

Сопственикот на Кристал Палас, Периж, беше изненаден од брзината со која Берта успеал се да заврши.

Тимот на „Топџиите“ се согласи да ја израмни понудата на Тотенхем, нудејќи и бонуси, кои Езе лесно би можел да ги реализира, што би донело дополнителни финансиски средства за неговиот поранешен клуб. Дополнително, важен момент беше и тоа што Езе отсекогаш навивал за Арсенал.

„Одвреме навреме навивам за нив поради начинот на кој играат. Играв во младинските категории таму. Отсекогаш го сакав Тиери Анри и тоа беше една од причините поради кои се приклучив на академијата на Арсенал. Секако, сакав да играм за клубот кого го сакам и да растам со нив“, изјави Езе во 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гери Невил откри колку заработувал во својата последна сезона: Не ми беше гајле, ќе потпишев било што!

Легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Гари Невил (50), сподели детали за својата …