
Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува за да дојде во Њукасл.
Навивачите на двата клуба не се смеат, но понекогаш се случуваат малку смешни ситуации. Таков е случајот со Њукасл и – Брентфорд.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Најдобриот играч и стрелец на Њукасл минатата сезона, ШвеѓанецотАлександар Исак, со денови штрајкува, одбива да тренира бидејќи сака да го напушти клубот.
Тој договорил трансфер во Ливерпул, но неговиот голем проблем е дека има важечки договор со Њукасл за уште три години.
На Сент Џејмс Парк ја одбија понудата од англискиот шампион од 110 милиони фунти и бараат 150 милиони што Ливерпул (за сега) не сака да плати.
Александар Исак моментално се наоѓа во незавидна позиција, „ни на земја ни во воздух“.
Џоан Виса ги договори своите услови со Њукасл, но доживеа исто што иИсак – неговиот клуб Брентфорд одбива да го пушти.
Настана необична, за некои смешна ситуација: Џоан Виса започна со штрајк и не сака да тренира со Брентфорд бидејќи сака во Њукасл, додека истовремено Александар Исак штрајкува и не сака да тренира со Њукасл бидејќи сака да го напушти клубот.
Има уште десетина дена до крајот на преодниот рок и сигурно е дека во наредниот период ќе го видиме епилогот на оваа двојна сапуница.